Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и потпретседателот Александар Николоски на мини турнеја во регионот, ќе се остварат средби со политичари од Република Словенија, Република Хрватска и Република Србија.
Предвидени се средби со Претседателот на партијата СДС и поранешен премиер на Република Словенија Јанез Јанша, Претседателот на ХДЗ и Премиер на Република Хрватска Андреј Пленковиќ и Претседателот на СНС и Претседател на Република Србија Александар Вучиќ. На средбите ќе се разговара за состојбите во регионот, билатералните односи, економската соработка и соработката меѓу партиите. Со ова ВМРО ДПМНЕ работи во насока на подобрување на односите помеѓу Македонија и земјите од регионот, како и на зацврстување на меѓусебното пријателство.
На оваа балканска турнеја претходеа интензивни политички средби на Претседателот Мицкоски во Вашингтон САД, претходно на официјален Брисел и посета на Будимпешта Унгарија.