Германката Лаура Далмаер повторно успеа да се искачи на највисокото место на подиумот, овој пат таа беше најбрза во биатлонската трка на 10 километри.

Дваесет и четири годишната Далмер е првата биатлонка во историјата на Зимските олимписки игри која триумфирала спринтот и трката на 10 километри.

Далмаер доминацијата во биатлонските трки ја продолжува во Пјонгчанг откако минатата година на Светското првенство во Хохфилцен успеа да освои пет злата, подвиг кој не му успеал на ниту еден натпреварувач во историјата на големите натпреварувања.

Второто место и припадна на Анастасија Кузмина од Словачка додека трета е Французинката, Анаис Бескон.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2018 00:36