Неодговорно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да глуми загриженост за граѓаните на Куманово, кога токму оваа партија цели 11 години ги игнорираше проблемите и потребите на жителите на општина Куманово.

Граѓаните на Куманово ги препознаваат празните обвинувања на ВМРО-ДПМНЕ и реалните политики на локалната власт предводена од СДСМ. Само во првите сто дена од мандатот, локалната власт предводена од градоначалникот Максим Димитриевски и СДСМ реализираа над 40 инфраструктурни проекти со кои се подобрува животот на граѓаните на Куманово и преку кои се одржува континуитетот на одговорно раководење со општината.

За разлика од политиките на деструкции, блокади и неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, како на централно, така и на локално ниво продолжува со спроведување на мерките што го унапредуваат квалитетот на живот и се во интерес на сите граѓани.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2018 02:16