Во буџетот на Македонија за 2018 година има НУЛА денари за заштита и промоција на македонскиот јазик, обвинува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

„Подолу е извадок од буџетските ставки на Министерството за култура. Иако Премиерот Заев на состанокот со претставниците на Институтот за македонски јазик на 11 септември 2017 г вети многу проекти за заштита, промоција и унапредување на македонскиот јазик, повторно излажа! Во моментите кога му требаше поддршка од Инстутот вети брда и долини, во реалноста донесе нула денари за македонскиот јазик! Паралелно на тоа со сила во Собранието се обидува да протурка науставен закон за двојазичност и употреба на алабанскиот јазик на цела територија на Македонија. Да е трагедијата уште поголема во истиот буџет на Министерството за култура има предвидено 4 милиони евра за Албански театар и уште 4 милиони евра за Театар и библиотека во Тетово. Да не се разбереме погрешно, јас немам ништо против алнаски тератар или библиотека за нашите сограѓани албанци, но во истор време да има НУЛА денари за македонски јазик и да се турка неуставен закон за двојазичност не значи ништо друго освен дека Премиерот Заев за пуста власт е спремен да ги продаде Македонците и македонскиот јазик и да ја редефинира државата“-пишува Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2018 19:33