Судот не смее да има двојни аршини. Правдата мора да биде еднаква за сите. Политиката не смее да се меша во работата на судиите.

Вчера, одново започна судењето за случајот „Монструм“ во кој на најбрутален начин кај Смилковското езеро беа ликвидирани 4 млади момчиња и еден возрасен човек. Јавното обвинителство не се откажа од обвинителниот акт и кривичното дело „тероризам“ кое што согласно доказите им се става на товар на обвинетите. Тие и понатаму се гонат за тероризам, но органите на прогонот во овој случај не гледаат проблем во фактот што лица кои се обвинети за тероризам се бранат од слобода. Органите на прогонот не гледаат причина за изрекување на мерка притвор и покрај фактот што двајцата првообвинети во предметот Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сеуште се во бегство.

Обвинетите за грозоморното убиство кај Смилковското езеро ја имаат целосната доверба на судот дека нема да избегаат, да го повторат делото или да влијаат на каков било начин.

Двојните аршини во судските процеси во Република Македонија се очигледни. Ова не е правда, туку неправда.

Лидерот на ДУИ Али Ахмети, најави повторното судење од почеток за „Монструм” како дел од договорот помеѓу ДУИ и СДСМ, односно „Тиранската платформа”. Судот ја повтори истрагата и ги ослободи од притвор обвинетите.

Колку е ова политика, а колку правда е повеќе од јасно. Членот 98 од Уставот на Република Македонија, јасно вели: Судската власт ја вршат судовите. Судовите се самостојни и независни. Судовите судат врз основа на Уставот и законите и меѓународните договори ратификувани во согласност со Уставот.

Во овој случај прекршен е член 98 од Уставот на Република Македонија.

Судот не смее да работи со двојни аршини. Законот мора да биде еднаков за сите.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2018 19:37