СДСМ и министерот за земјоделие Љупчо Николовски се вистинска временска непогода за македонското земјоделие. Дијалогот со земјоделците не постои, ниту министерот ниту неговиот заменик не се појавени помеѓу земјоделците.

Земјоделците за не цела година ја видоа неспособноста на владата предводена од СДСМ кон земјоделците и не грижа за нивниот труд.

СДСМ пред изборите ветуваше дека цената на оризот која ќе изнесува 25 денари за оризова арпа, а ветувањето пак за откупната цена на белиот ориз беше 50 денари. Денес нема ништо од ова ветување на СДСМ. Цената на оризот во моментов е до два пати помала од таа што ја ветуваа СДСМ. Ова беше уште една лага на СДС само за да добијат глас повеќе на изборите и да седнат во фотелјите. Николовски на оризарите им ветуваше и интервентен откуп, но од тоа нема ни трага ни глас, а во овие моменти е доведена во прашање идната реколта на ориз бидејќи ланската сеуште не е откупена.

Производителите на праски беа оставени на цедило, а над 30 отсто од родот беше уништен поради недостигот на реакција од ресорното министерство. Владата на СДСМ и во тој случај ги измами земјоделците, а ветената помош ја немаше никаде.

Николовски и СДСМ го користеа министерството за земјоделство како средство за пресметка со своите политички неистомисленици. Преку иницијативата за ревизија на договорите за доделување на државно земјоделско земјиште пред изборите, се пресметуваше со земјоделците кои не се под нивна контрола.

За прв после толку години државните субвенции се намалија во однос на претходната година,а пак во однос на предизборните ветувања на СДСМ субвенциите се помали за цели 24 милиони евра во однос на ветените 160 милиони евра.

СДСМ ги измами земјоделците и со ветувањето за зелената нафта, пред да дојдат на власт ветуваа пониски трошоци за земјоделците за нафта, а сега од позиција на власт ја зголемија нејзината цена за скоро 4 денари.

Николовски повторно манипулира со земјоделците. ВМРО-ДПМНЕ се грижеше за земјоделците преку голем број на мерки и проекти кои беа во насока на подобрување на работата на земјоделците и нивниот труд.

Тутунарите не ја забораваат грижата на ВМРО-ДПМНЕ за одгледувањето на тутун и неговиот откуп. Владата на ВМРО-ДПМНЕ со серија законски измени и со постојана контрола на теренот за да се елиминира манипулацијата со земјоделскиот труд. ВМРО-ДПМНЕ создаде услови за развој на оваа земјоделска гранка, со стимулирање на влез на пазарот на нови компании кои доведоа до поголема конкурентност и сигурен пласман на тутунот. Преку константни исплаќања на субвенции се помагаа тутунарите, се со цел да се повеќе се вреднува нивната работа.

Резултатот на владата на СДСМ во земјоделието е еднаков на нула. Николовски ветуваше дека ќе биле извозно ориентиран, а изминативе 8 месеци министерување на Николовски извозот на земјоделски производи е во слободен пад.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2018 22:35