Народната банка на Република Македонија објави конкурс за изработка на едукативна игра (веб/мобилна апликација), наменета првенствено со младата популација, со цел поттикнување поголем интерес за знаења од областа на економијата и финансиите.

– Преку играта младите ќе имаат можност да се забавуваат, да создадат поголем интерес за областа на економијата и финансиите и да го збогатат сопственото знаење. Едукативната игра треба да биде создадена согласно со возраста на целната група, односно ликовите, цртежите, содржината, јазикот и сл. да бидат приспособени на: група I (деца од 6 до 12 години), група II (млади од 13 до 18 години) и група III (возрасно население 18+), соопшти НБРМ.

Во рок од еден месец треба да се изработи идејно решение, по што во наредните три месеци ќе се изготви едукативна игра, врз основа на прифатеното решение.

Право за учество на Конкурсот имаат државјани на Република Македонија на возраст до 35 години, со исклучок на вработени во НБРМ.

Еден учесник има право да достави повеќе едукативни игри со различни идејни решенија во поглед на изработката, темата, платформата и др., но може да биде награден само со една награда.

На избраните автори ќе им се додели награда од 50.000 денари за прво место 50.000, 25.000 денари за второ место и 15.000 денари за трето место.

Пријавите од авторите, со нивните лични податоци и контакт, треба да бидат доставени електронски на ЦД или УСБ преку архивата на Народната банка со назнака: „за Конкурс за избор на најдобра едукативна игра“.

Краен рок за доставување на едукативните игри е 13-ти следниот месец.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/02/2018 23:28