Производителите на тутун ќе добиваат повисоки субвенции за секој килограм тутун, започнувајќи од реколтата 2017 година. Зборот е збор.
Субвенцијата за прва класа тутун ќе изнесува 80 денари по килограм, што е прво ниво.
За втора класа, односно второто ниво, субвенцијата ќе изнесува 70 денари.
Третото ниво на субвенционирање ќе изнесува 60 денари по килограм и ќе се однесува на третата, четвртата класа и за двете дополнителни класи.
Таквиот начин на субвенционирање, ќе ги мотивира тутунарите да го зголемат производството, но и да одгледуваат поквалитетен тутун за да добијат повисока субвенција.
Согласно откупната цена по класи, вкупната исплатена сума кон тутунарите ќе биде над 80 милиони евра, а со зголемените субвенции, на тутунопроизводителите ќе им бидат исплатени 28 милиони евра по основна субвенции.
Тоа значи дека реколтата 2017 година на околу 23.000 семејства ќе им обезбеди приход од вкупно 100 милиони евра.
Со реализација на оваа мерка од Планот за живот во Македонија се прави уште еден сериозен чекор до нашата крајна цел: достоинствени земјоделци кои спокојно живеат од својот труд.
За разлика од годините во периодот на владеењена ВМРО-ДПМНЕ кога просечната цена на килограм тутун изнесуваше помалку од 190 денари, таа за реколтата 2017 година изнесува 217.5 денари, што е една од највисoките цени до сега.
Дополнително, наскоро ќе бидат донесени измени и на Законот за тутун и тутунски производи, со коишто ќе се укине поднесувањето на евидентни листови. Тутунарите директно ќе склучуваат договори со откупните претпријатија и ќе се поедностави административната процедура за склучување на договорите за производство.
Заврши времето на понижувањето и манипулирањето што ВМРО-ДПМНЕ со години го правеше врз земјоделците. Развојот на земјоделството и унапредување на статусот на земјоделците остануваат врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ која што продолжува одговорно, посветено и транспарентно да ги спроведува зацртаните мерки што обезбедуваат квалитетен живот за тутунопроизводителите и земјоделците.