Од страна на водечкиот ланец на маркети во Македонија, Тинекс, денеска беше организирана конференција по повод започнувањето со работа на новиот логистичко- дистрибутивен центар на ланецот маркети.
Со овој капитален објект, Тинекс е првиот ланец на супермаркети во Македонија кој располага со современ логистичко- дистрибутивен центар.
Центарот, кој неодамна започна со работа, се наоѓа во индустриската зона Чојлија, во Општина Петровец и претставува инвестиција вредна 8 милиони евра.
Засега е завршена првата фаза од проектот на 12.000 метри квадратни магацински простор и галерија. Во втората фаза од проектот е планирано да се изградат уште 10.000 метри квадратни, со што се очекува да бидат вложени уште 6 милиони евра.
Бренд директорот на Тинекс, Цветанка Христовска истакна дека започнувањето со работа на центарот овозможило 100 нови работни места, а како што кажа таа ова бројка се очекува да биде дуплирана по целосното завршување на објектот.
-Новиот логистички центар претставува симбол на нашите аспирации за модернизација на логистичките процеси. Нашата компанија постои веќе 23 години и сите овие години е фокусирана кон целосно кон континуирано унапредување на своето работење, со цел задржување и зајакнување на односите со своите потрошувачи и деловни партнери. Да се задржи лидерската позиција сите овие години претставува предизвик, но и мотивација, која не поттикнува постојано да превземаме нови чекори со кои ќе одговориме на потребите на пазарот и ќе го осигураме местото на врвот, изјави Христовска.
На конференцијата присуствуваа амбасадори, претставници од банкарскиот сектор и деловни партнери на компанијата Тинекс. За време на конференцијата, присутните гости се запознаа со системот на работење на новиот објект и се информираа за логистичките решенија кои се планира да бидат имплементирани, а кои ќе придонесат за зголемување на ефикасноста на работењето на компанијата.
На конференцијата свое предавање одржа експертот од областа на логистиката, логистичкиот менаџер и долгогодишен консултант на Тинекс, Пиетер Вос од Холандија.Тој кажа дека изградбата на овој логистички центар е патот по кој Тинекс сака да оди.
Предавање пред присутните одржа и претставникот од софтверската компанија „Symphony EYC“, од Словенија, Јаков Јужиќ. Како што кажа Јужиќ оваа компанија има голем број партнери, од кои еден дел се од најпознатите светски брендови во делот на логистиката.
Свое предавање пред присутните имаа и комерцијалниот директор на АД Пивара- Скопје, Родерик Росенбаум и менаџерот на сектор за supply chain услуги во пиварата, Панче Николовски.
Сите гости предавачи дадоа свое видување за предностите од користење на сопствен центар за логистика и ги презентираа актуелните трендови, лгоистички модели и технологии во областа на логистиката и дистрибуцијата.
Тие се согласни дека овој логистички центар кој сега го изгради Тинекс е вистинскиот начин како треба да се работи во иднина за подобри услуги кон купувачите и дека тоа треба да биде пример и за другите компании.