Прилепска пиварница А.Д. Прилеп ќе плати само 70.000 евра глоба за неконкурентно работење, пресудата од 2,7 мил. евра поништена

Вчера на официјалниот сај на Македонската берза, Прилепска пиварница А.Д. Прилеп излезе со соопштение дека врз основа на Пресудата на Управниот суд Упрк бр. 2/2017, Решението бр ПП бр. 09-7/10 од 22.05.2017 година од Комисијата за заштита на конкуренција со кое на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп и беше изречена глоба во износ од 166.778.900,оо денари беше поништено и предметот беше вратен на повторно одлучување.

Постапувајќи по напатствијата на Управниот суд Комисија за заштита на конкуренцијата-Комисија за одлучување по прекршок со Решение ПП бр. 09-2/2 од 07.02.2018 година и изрече глоба на Прилепска пиварница А.Д. Прилеп во износ од 4.297.995,оо денари.

Извор: Денар



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2018 14:22