Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ, кое се однесуваше на прес конференцијата на Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ

Администрацијата е под притисок на политиката „Ќе јадеме живи луѓе“ на СДСМ.

Манчевски јавно призна дека СДСМ ги прекинала сите договори за привремено вработување кои ги затекнале, за сега да склучува нови.

Единствената реформа на администрацијата што ја спроведува СДСМ и Владата на Зоран Заев е како повеќе да вработат партиски кадри во државната и јавната администрација.

Единствениот предизвик со кој се соочува СДСМ во овој момент е како да избркаат што е можно повеќе луѓе од работа.

Администрацијата ниту работи слободно ниту е имуна на притисоци.

Администрацијата на СДСМ стана легло на непотизам, на роднински и пријателски вработувања на речиси сите нивоа во државниот и јавниот сектор.

Наместо СДСМ да ја замајува јавноста и да и продава демагогија да даде одговори на тоа како братот на градоначалничката на Битола е избран за наставник. СДСМ треба исто така да даде одговори како градоначалниците на Берово и Неготино по кои основи и по кои критериуми си ги вработија нивните сопруги.

Ако ова е професионална, непартиска и квалитетна јавна администрација тогаш СДСМ има проблем со реалноста.Администрацијата во овој момент не само што не работи слободно туку работи во интерес само на партијата на власт.

ВМРО-ДПМНЕ апелира да престане прогонот и реваншизмот врз вработените во јавната и државната администрација.

СДСМ мора и треба да ги остават вработените во државниот и јавниот сектор да си ја работат својата работа професионално и без притисоци.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2018 22:47