„Витаминка“ денеска потпиша договор за купопродажба на имотот на „Брилијант“ од Штип со Комерцијална Банка, за сума од 7,3 милиони евра.

Прилепскиот прехранбен гигант со тоа стана сопственик на објекти од 4.956 квадратни метри и земјиште со право на сопственост од 21.592 квадратни метри, како и подвижни ствари и марките на пропаднатата компанија.

„Правиме еден голем чекор напред што ќе значи поголема и подобрена деловност на компанијата, максимално искористување на потенцијалите и зацврстување на позицијата на пазарот“, велат од „Витаминка“.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/02/2018 23:53