Стопанската комора на Македонија денеска ќе ја одбележи 96-годишнината од коморското дејствување во Македонија.

Таа е една од влијателните бизнис асоцијации во државата која има над 11.000 претставници на фирми – учесници на коморски настани, над 17.000 издадени документи, над 200 бизнис настани и над 90 едукативни настани, 86 електронски публикации и 44 одржани прес-конференција на годишно ниво.

– Стопанската комора на Македонија во целокупното опстојување и работење заедно со своите респектирани и значајни компании-членки, ја изгради и ќе продолжи да ја гради позицијата на најголема, најуспешна, највлијателна и најпочитувана бизнис-асоцијација во државата. Денес, таа е препознатлива куќа на бизнисот, лидер во коморскиот систем кај нас и во регионот. Држењето настрана од политиката ќе продолжи да биде суштинска потреба за најоптимално извршување на коморската функција, велат од Комората.

Оттаму истакнуваат дека и во иднина ќе бидат главниот поддржувач во напорите за натамошен раст и развој на бизнисот, со кој успешно ќе ја дочекаат и 100-годишнината од коморското дејствување.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2018 14:04