СДСМ ги полни институциите со партиски послушници и политичките долгови ги исплаќа со пари на граѓаните.

Тројца членови на кабинетот на Анѓушев се членови на управни и надзорни одбори на клучни државни институции од економско - финансиската област.

За ова ли се разрешуваа по брза постапка и под сомнителни околности управните и надзорните одбори во текот на предизборниот период?

Наместо професионализација добивме тотална партизација.

Власта ги прекина привремените договори за вработувања на вработените во јавната администрација кои ги затекна, за сега да распишува нови огласи.

Власта треба да им одговори на граѓаните, дали ги користи договорите за привремено вработување како метод за полнење на државната администрација со партиски активисти кои подоцна би добиле договори за работа без притоа да аплицирале на конкурс?

СДСМ треба да и одговори на јавноста, дали беа избркани партиски неподобните, за да се вработат партиски подобните?

Бројни се примерите каде на илјадници вработени им беа прекинати договорите за вработување, за подоцна да бидат вработени други.

Граѓаните се фрапирани со која леснотија функционерите на власта си ги вработуваат членовите на нивните семејства.

Непотизмот и нетранспарентноста станаа главна одлика на власта. Кратко по доаѓањето на функција градоначалниците на Берово и Неготино си ги вработија своите сопруги, додека градоначалничката на Битола успеа да си го вработи својот брат како наставник во основно училиште.

СДСМ мора да им одговори на граѓаните по кои критериуми овие функционери на власта си ги вработија своите најблиски? дали тие беа најдобрите кандидати?

СДСМ не смее да гледа на буџетот и на државните институции како на своја приватна сопственост.

ВМРО-ДПМНЕ повикува да се запре со партизацијата и полнењето на државните институции со партиски подобни кадри, на сметка на професионалци.

Блискоста и роднинските врски во партиските и државните функционери не смеат да бидат критериум за вработување.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2018 16:50