Несериозно и лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да обвинува некого за неспособност кога токму кадрите на ВМРО-ДПМНЕ кои раководеа со Град Скопје и скопските општини, од Скопје направија престолнина на кичот и еден од најзагадените градови во Европа. Граѓаните сè уште ги чувствуваат последиците од погубните политики на ВМРО-ДПМНЕ и трошењето на стотици милиони евра на коруптивни проекти заради задоволување на криминалните апетити на Никола Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ.

Очигледно е дека ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Скопје конечно доби отворена, одговорна и услужна градска администрација предводена од градоначалникот Петре Шилегов, којашто работи во интерес на граѓаните и градот.

Залудни се лажните вести и неоснованите обвинувања на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Заврши времето кога локалните власти работеа на исполнување на желбите на поединци. Граѓаните го препознаваат посветениот, одговорен и транспарентен пристап во работата на локалната власт предводена од СДСМ и ниту едно празно обвинување на ВМРО-ДПМНЕ нема да може тоа да го промени.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/02/2018 16:55