Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува случајот на сексуално злоставување на малолетно девојче згрижено во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај”. Јавната установа и вработените во неа наместо да се грижат за малолетниците кои се под заштита на установата дозволила да се случи еден ваков грозоморен настан на малолетно девојче.

Одговорност и транспарентност во однос на овој случај мора да има со цел да се спречи во иднина повторување на вакви или слични немили настани. Министерството за труди и социјална политика и министерката Царовска мораат да превземат одговорност за случајот бидејќи оваа Јавна установа е под нивна надлежност.

На јавноста најпрво мора да и биде соопштено кои се лица во структурите на установата и министерството дале дозвола децата заедно со злоставуваното девојче да бидат однесени на така наречен „детски летен камп” каде девојчето било секслуално злоставувано.

За трагедијата да биде уште поголема штитеничката го пријавила злоставувањето кај згружувачите, но никој не и поверувал, само откако се констатирало дека 13 годишното девојче е бремено и за овој настан разбра јавноста, се прави слика дека се работи на разрешување на случајот. Најстрашно е што не се знае дали е овој единствен случај кој поминал незабележан од надлежните институции и дали доколку девојчето не забременило за овој грозморен настан никогаш немало да се дознае.

Според Законот за социјална заштита, МТСП врши надзор над спроведување на законот и врши инспекциски надзор над установите за социјална заштита одговорност од министерката Мила Царовска мора да има. Оставка на Министерката и директорката во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај” е нешто најмалку што може да сторат во овој момент.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2018 01:17