Автомобил управуван од А.К. (49) синоќа на раскрсница во Неготино удрил во 79-годишна жена, која поради сериозноста на повредите е префрлена во Клиничкиот центар “„Мајка Тереза“.

– Синоќа во 19 часот во Неготино, на раскрсница со улиците „Цандо Кожинков“ и „Даме Груев“, патничко моторно возило „Даихатсу Фероза“ со велешки регистарски таблички, управувано од А.К. (49) од Неготино, удрило во пешакот Д.Ц.(79) од Неготино. Во незгодата Д.Ц. се здобила со тешки телесни повреди, по што е пренесена во Итна медицинска помош Неготино, но поради сериозноста на повредите е префрлена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” Скопје, соопшти денеска МВР.

Оттаму информираат дека е извршен е увид на местото на настанот и оти се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2018 21:01