ВМРО-ДПМНЕ и јавноста се згрозени од неодговорноста на надлежните за скандалот со сексуално злоставување на малолетно девојче од ЈУ „25 мај”

ВМРО-ДПМНЕ и јавноста се згрозени од неодговорноста и индолентноста на надлежните институции за скандалот со сексуално злоставување на малолетно девојче згрижено во Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 мај”.

Ниту Министерството за Труд и социјална политика, ниту надлежните институции не излегуваат со конкретни податоци како и зошто е дозволено ваква трагедија да му се случи на девојче за чија грижа државата ја презела одговорноста. Уште помалку слушнавме и видовме конкретна одговорност за овој случај кој што ја потресе јавноста.

Затоа ја прашуваме Министерката Царовска дали и какви мерки превзема против лицата кои затаија со својата грижа? Дали Министерката чувствува подеднаква одговорност со вработените кои биле алармирани за злоупотреба, а ништо не превземале? Дали Царовска е свесна дека овој случај и којзнае уште колку вакви случаи требало да се прикријат, да не се случело девојчето да забремени?

И на крајот на краиштата Дали и колку се сигурни децата кои се обврзала државата да води грижа.

Очигледно за неколку месеци се случи целосен крах на системот во државата, поради неспособноста и неодговорноста на власта која се преслика во работата на сите институции во државата. Јавноста очекува одговори и најважно од се одговорност. Недозволиво е во надлежното министерство да се кријат зад Комисии, некакви анализи или пост фестум истраги. Се работи за физичкото и психичкото здравје на малолетници за кои државата, органите и пред се носителите на функции се директно надлежни и одговорни.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2018 22:34