Опозициската ВМРО-ДПМНЕ спадна толку ниско што освен лажните вести сега се обидува да злоупотребува лични трагедии и судбини за политички цели.

Како што јавноста веќе е информирана, надлежните институции преземаат мерки и целосно го расчистуваат овој случај, се спроведува и рехабилитација, заштита и психо-социјална поддршка на малолетната жртва, како и мерки за превенција за во иднина да не се појавуваат вакви или слични случаи.

Случајот со малолетното девојче е директна последица на систематското уривање на институциите што ВМРО-ДПМНЕ го правеше 11 години, особено во делот на социјалната заштита.

За жал, овој случај само ја потврдува неопходноста од темелни промени во општеството и исправноста на започнатите реформи во сите сегменти. Наспроти 11 годишното уривање на институциите од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ активно работи на градење на функционални институции што ќе работат ефикасно и професионално и коишто ќе ги заштитуваат и унапредуваат правата на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/02/2018 22:47