Четири лица се повредени во физичка пресметка што попладнево се случила на улицата „Бетовенова“ во скопската населба Бутел.
Како што информираат од МВР, пресметката се случила во 14:50 часот најверојатно поради нерасчистени имотно-првни односи помеѓу браќата Ј.И. и Ј.И. и нивниот зет за сестра Е.Д. од една страна и Браќата Џ.Д. и А.Д. од друга страна.
– Ј.И. и Ј.И. и Е.Д. дошле пред куќата на Џ.Д. и настанала физичка пресметка. А.Д. кој во тој момент доаѓал со патничко моторно возило „Пасат“ и видел што се случива со возилото удрил во Ј.И. и Ј.И. и Е.Д, а потоа со пиштоп пукал два пати во воздух.Од ударот со возилото повредени се Ј.И. и Ј.И. и Е.Д, а од физичката пресметка повреден е Џ.Д. На местото на настанот е пронајден пиштол и две чаури, соопшти МВР.
Со возила на итна медицинска помош Џ.Д. е пренесен во Ургентен центар, Ј.И. во ГОБ „Свети Наум Охридски“, а Ј.И. и Е.Д. во ГОБ „8 Септември“, додека А.Д. е приведен во Полициската станица Чаир.
Полициски службеници, додаваат од МВР, веднаш по пријавата излегле на трен и преземаат мерки за расчистување на случајот.