СДСМ не престанува да се расфрла со парите на граѓаните. Во јавноста се зборува за сомнителна зделка зад затворени врати во четири очи со која буџетот на државата е оштетен за милионски суми. СДСМ на очиглед на сите ги троши парите на просечниот граѓанин за да ги задоволи апетитите на своите олигарси. Имено за наводна итна зделка се платени двојно повисоки цени за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола. Милионскиот скандал кој го предизвика неспособното раководство на РЕК Битола ќе се исплати директно од џебот на граѓаните.
Политичкиот прогон и судските монтировки се очаен обид на владата на СДСМ да ја прикрие својата неспособност, корупција и расипништво. Ова е класичен обид за дефокусирање на јавноста од катастрофалните политики кои СДСМ ги води на секое поле, министрите и нивните функционери од ден во ден влагаат во се поголеми скандали пред очите на целата јавност без да превземат одговорност .
Повеќе од 90 дена невини граѓани се наоѓаат во притвор, додека со законот за амнестија илјадници криминалци се пуштени на слобода. Повеќе од 90 дена во Македонија се кршат основните човекови права и слободи, демократијата е погазена, a Македонија е единствена држава во Европа во чии затвори сеуште се наоѓаат политички затвореници. Покрај наводните заложби на владата за членство во НАТО и ЕУ, Македонија е се по далеку од остварување на своите стратешки интереси и се претвора во заробена држава, која е далеку од принципите на кои овие организации се основани.
Интелектуалци, уметници, архитекти, доктори, глумци, пратеници неосновано се наоѓаат во притвор поради спротивставувањето на погубните политики на Зоран Заев. Обвинителството штанца обвиненија по нарачка на СДСМ и Заев, а судот молчи пред сите овие неправди.
Час поскоро судот треба да ги ослободи патриотите кои само поради својата критика кон власта се наоѓаат во притвор, час поскоро во судството треба да се врати правдата и да се запре со инсталирањето на полициската држава.
Владата на СДСМ мора да започне да се грижи за потребите на своите граѓани и да запре со политичкиот прогон на политичките неистомисленици. Треба да се сопре со сомнителните зделки и расипништвото кои се на штета на граѓаните. Треба да се започне со остварување на предизборните ветувања кон граѓаните. Македонската економија мора повторно да заживее и да се спречи катастрофалниот пад на стандарот на живеење на македонските граѓани.