Негрижата и неодговорноста на институциите во случајот со силуваното девојче, штитеник на државната институција за згрижување деца „25 Мај“ во Скопје е само одраз на неспособноста на Министерството за труд и социјална политика предводено од Мила Царовска.

Очигледно дека еден ваков скандал воопшто не може да и го расипе викендот на министерката која без око да и трепне најавува дека после викендот ќе се решавал случајот кој ја потресе јавноста во кој било силувано и забременило девојче, а потоа истото абортирало. Замислете девојче за кое државата презело одговорност да се грижи, поминува низ тешки моменти, а министерката дури утре комисиски ќе го разгледува.

Министерке Царовска, престанете да ги гледате судбините на децата како обична бирократија. Овој скандал заслужува разрешница и одговорност, пред се од вас како ресорен министер. Недозволиво е институциите да молчат и прашање е уште колку вакви слични случаи се имаат случено, а за кои јавноста никогаш не дознала.

Одговорност министерке Царовска ќе има, но јавноста најмалку што очекува од вас е заради вашата надреденост над институциите, вие да понесете во најмала рака политичка и морална одговорност и да си поднесете оставка.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2018 02:04