Времето кога институциите беа инертни и незаинтересирани за граѓаните, кога молчеа и не преземаа ништо заврши со заминување на ВМРО ДПМНЕ во опозиција.
Јавноста веќе неколку денови е запознаена со мерките што надлежните институции ги преземаат за расчистување на овој случај, за заштита и поддршка на малолетната жртва и за идна превенција од повторна појава на вакви или слични случаи.
За жал, овој случај ја потврдува неопходноста од темелни промени во општеството и истовремено докажува дека ВМРО-ДПМНЕ покрај лажните вести што ги создава е подготвена и да злоупотребува лични трагедии и судбини за политички цели. Наспроти долгогодишното уништување и партизирирање од страна на ВМРО-ДПМНЕ, Владата предводена од СДСМ активно работи на градење на функционални институции што ќе работат ефикасно и професионално и коишто ќе ги штитат правата и интересите на граѓаните.