Мила Цароска не смее да се крие зад партиските реакции и треба да понесе одговорност за трагедијата што му се случи на 12 годишното девојче.

СДСМ 9 месеци ја има целокупната власт во државата и контролата врз сите институции. Неспособноста на МТСП да одговори на прозивките и потребата партијата да реагира во име на надлежните, покажува колку Зоран Заев и неговите соработници ги уништија и партизираа институциите.

Граѓаните очекуваат оставка од Цароска, тој факт нема да го промени ниту една партиска реакција и обид за дефокусирање на јавноста.

Смената на директорот на Домот за деца, не е решение на случајот и само го затскрива вистинскиот виновник. Цароска е директен виновник и е одговорна за сите пропусти и недоследности во институциите под раководство на МТСП.

Срамота е јавноста 4 дена да чека одговор од Цароска, како да станува збор за бенигна работа, а не за силување на девојче во државна установа, која била задолжена да ја гарантира нејзината безбедност.

МТСП и надлежните може да молчат и да се кријат зад соопштенија испратени од Бихаќка, но граѓаните знаат чија е одговорноста за скојдневниот хаос. Оставката на директорот е само замајување на јавноста. Вистинскиот виновник е надредената на директорот, која го назначила.

Трагичниот случај на силуваното девојче, кое не добило заштита, ниту од Домот, ниту од ОЈО и МВР е показател како функционираат институциите.

Институциите кои постојат да обезбедат за заштита на граѓаните, тотално затаиле и дозволиле еден млад живот да биде доведен во опасност.

Недозволиво е институциите повеќе од 6 месеци да молчат и да непреземаат ништо, иако за тоа биле информирани. Одговорност мора да има. Цароска не смее да се затскрива зад бледи партиски реакции. Граѓаните очекуваат одговорност. Граѓаните очекуваат Цароска да се соочи со својата неодговорност.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2018 22:27