Со претходната Влада преговараше, со сегашната ја официјализира инвестицијата. Германската компанија „ВИК“ денеска потпиша Договор за државна помош со Владата. Фирмата почна да го гради капацитетот лани во јули во зоната во Прилеп.

Со претходната Влада преговараше, со сегашната ја официјализира инвестицијата. Германската компанија „ВИК“ денеска потпиша Договор за државна помош со Владата. Фирмата почна да го гради капацитетот лани во јули во зоната во Прилеп. Претходно две години преговараше за влез во Македонија и ја избра земјава во конкуренција на Украина, Романија и Србија. „ВИК“ се занимава со производство на мали електрични апарати за домаќинство, а во земјава треба да произведува кафемати. Во старт ќе вложи 6 милиони евра и ќе вработи 60 луѓе, а амбициите се за 12 милиони евра инвестиции и бројка до 1000 вработувања. Фирмата 10 години ќе биде ослободена од персонален данок, ДДВ за увоз на добра, ќе има царински ослободувања, но ќе плаќа социјални придонеси.

„ВИК“ во наредниот период ќе може да конкурира и за новите мерки за поддршка. Вицепремиерот Анѓушев ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека мерките сублимирани во Планот за економски раст се косат со неколку закони.

Од германската „ВИК“ уверуваат дека во производствениот процес ќе користат суровини, репроматеријали и полупроизводи од локални македонски фирми.

Инвестицијата на „ВИК“ е една од 8-те странски компании чии инвестиции Владата ги најави неодамна. Дури со 5 од нив преговараше претходната Влада. Инвестицијата на германската компанија од областа на машинската индустрија „Кеслер“ беше најавена уште на стартот на 2016-та. Германската„Костал“, фирма што работи уште од октомври 2016-та, ќе ги прошири капацитетите во охридско - струшката зона. Вложувањето на турската „Чагатај Кабло“ беше договорено во декември 2016-та, а претставници на сегашната Влада присуствуваа на изградбата на фабриката во Бунарџик во септември лани.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/02/2018 22:47