Пратеникот од редовите на најголемата опозицска партија ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, објави обвинува дека извршната власт планира да го опструира изборот на нови членови на Државната изборна комисија (ДИК).
Милошоски на Facebook објави дека владејачкото мнозинство, односно неименуван министер од редовите на СДСМ се јавил на неколку пратеници и побарал пратениците да гласаат против одлуката за комплетирање на ДИК, пратениците од владејачкото мнозинство да ја симнат точката за ДИК од дневен ред или СДСМ и ДУИ да ја поместат точката за ДИК подолу и пред таа да дојде на ред, седницата да се прекине и да се одолговлекува со нејзиното презакажување.
„Објаснувањата дека се преговара со опозицијата за Изборниот законик и ДИК се бледи изговори, бидејќи изборниот законик е широка материја која опфаќа многу прашања, за чие усогласување се потребни неколку месеци. А комплетирањето на ДИК е законска обврска сега и не се коси со било какво усогласување на Законот во иднина“, пишува Милошоски.
Информира и дека пред пред нецел месец предложил Собранието да ја усвои одлуката за јавен оглас за комплетирање на составот на ДИК и владејачките партии (Тунтев од СДСМ, Адеми од ДУИ) се изјасниле дека е законски, коректен и дека ќе го поддржат. Истото го потврдило и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, но во меѓувреме, според Милошоски нешто се сменило.
На 34та седница на Собранието, која е закажана за 12 часот, предлог-одлуката за објавување претседател, потпретседател и шест членови на ДИК е втора точка на дневниот ред.