Уште колку случаи на негрижа се кријат од МТСП и што треба да се случи за да се понесе одговорност?

Нови два случаи на бремени малолетни девојчиња во Домот за деца „25 Мај“ ја шокираа македонската јавност.

По монструозната случка за силувањето на 13 годишно девојче кое забременило во Домот за деца ова е втор и трет скандал кој ја згрози јавноста.

Државните институции, кои треба да се грижат за правилниот раст и развој на згрижените деца се претвораат во место за измачување и терор.

Државната грижа целосно затаила. Неодговорноста на МТСП и Цароска го трауматизираше животот на дечињата во Домот за деца „25 Мај“.

Мила Цароска не смее да бега и да се затскрива зад партиски реакции и соопштенија. Мила Цароска е директно одговорна за сите пропусти и недоследности на институциите под раководство на МТСП.

Животот за трите девојчиња се претвори во трагедија. Последиците по нивното психичко здравје се големи и незаборавни. Дали разбира Мила Цароска низ која голгота поминуваат овие дечиња. Ниту една оставка на директор или некој пониско во хиерархијата на МТСП нема да ја спаси Цароска од одговорност.

Одговорност мора да има. Граѓаните очекуваат директна одговорност директно од Цароска.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2018 17:25