Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денес се сретна со Амбасадорот на Холандија во Македонија г.Ваутер Пломп.
Ахмети и Пломп разговараа околу политичките случувања, спорот со името, законот за јазиците како и за Евро-атланската интеграција.
Ахмети ги елаборираше ставовите на ДУИ околу разговорите за прашањето за името со Грција, посредувани од страна на Нимиц. ДУИ поттикнува брзо решавање на овој пролонгиран проблем и целосно го поддржува директниот дијалог кон решението. Ахмети го повтори ставот за Законот за јазиците нагласувајќи дека конечното одобрување е прашање на денови и дека сите треба да дадеме придонес за успешно заокружување на нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор.
Соговорниците исто така, разменија мислења околу работата на Собранието и извршната власт, при што, лидерот на ДУИ Али Ахмети ги истакна своите најголеми очекувања во решавањето на секојдневните предизвици.