Соопштение до јавноста, реакција на говорот на Љупчо Николовски

СДСМ не запира да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ. Проектот „Мали, нискотрошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување“ е проект во изведба на ЕУ, започнат во време на ВМРО-ДПМНЕ.

Овој проект е започнат уште при крајот на 2015 година и продолжил во 2016 година и во таа фаза на реализација претставници на Европската комисија разгледуваа повеќе локации за изградба на мали хидроцентрали за наводнување за потребите на земјоделските површини.

Во недостаток на проекти и идеи СДСМ ги краде идеите и проектите на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ треба да престане да се фали и да ги претставува како свои проектите кои одамна се почнати и кои за да дојдат во фаза на реализација било потребно да се направи многу од страна на претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Безидејноста и неодговорните политики на СДСМ во земјоделието го носат македонското земјоделие во пропаст. Земјоделците од скоро сите гранки се соочени со ниски откупни цени, а за голем број на култури воопшто нема откуп.

Додека власта се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, не успеа да обезбеди откуп минатат есен за пиперките во Пелагонија, па десетици тони скапаа по нивите. Додека СДСМ се наоѓа во ПР-пропаганда оризопоризводителите во кочанско-виничкиот регион не знаат што да прават со оризот кој им остана по амбарите и нема каде да го пласираат.

Земјоделците од СДСМ очекуваат да ги реализираат ветувањата за подобар откуп, поквалитетни услови за производство и посилно земјоделство. Досега ништо од ова не е случај, земјоделството е заборавено од власта, а министерот Николоски излегува на терен, само кога треба да се слика



Автор: Администратор
Објавено на: 20/02/2018 21:51