За изградба на најкомплицираниот дел од Коридорот 8- делницата од Крива Паланка до Деве Баир недостасуваат уште 300 милиони евра. Претставникот на делегацијата на ЕУ потврди дека проектот е готов, тендерот може уште веднаш да се распише, но изрази загриженост за преостанатиот дел од потребните финансиски средства. Тој упати директно барање, Владата да ја забрза постапката. Оваа делница според министерот Сугарески треба да биде завршена до 2025-та година...

Завршена е проектната документација за најкомплицираниот дел од Коридорот 8, железничката делница Крива Паланка- Деве Баир. Тендерската постапка може веднаш да започне- потврди европскиот преставник Никола Бертолини. Тој информираше дека дел од средстата ги обезбедува Европскиот фонд ИПА2, но изрази загриженост за преостанатиот дел. Бертолини упати апел до Владата што поскоро да се обезбедат преостанатите 300 милиони евра.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески потенцираше дека во наредниот период ќе бидат обезбедени средства од меѓународните финасиски институции. Тој потесети дека на неодамнешната средба со неговиот колега од Бугарија, договориле заеднички да настапуваат за проекти од регионално значење. Според него, делницата Крива Палнка- Деве Баир ќе биде завршена до 2025-та година.

Преку железницата дневно треба да тразитираат околу 2.000 патници и 12 транши товар. Делницата Крива Паланка- Девер Баир е долга 23,4 километри.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/02/2018 23:08