Обложувалницата „Моцарт“ денеска соопшти дека Прилепчанец со влог од 910 денари, добил повеќе од 560.000 евра.
Тој направил седум добитни ливчиња и ги уплатил во нивната обложувалница. Сега тој е побогат за 34.632.342 денари, односно точно 563.585 евра.
Од облогот може да се види дека тој погодил дуели од Лигата на шампионите, но и од првенствата во Англија, Германија, но најмногу му се израдува на ремито на Јунајтед против Севиља, кое му ја донесе неверојатната добивка.