ВМРО-ДПМНЕ тоа што го ветува го исполнува. Почнуваме со реализација на нашите најавени активности водејќи се од начелата на транспарентност. А, нашите принципи за отвореност даваме можност за буквално сите квалитетни млади луѓе да се приклучат кон визијата и целта на ВМРО-ДПМНЕ.
На вчерашната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донесени повеќе кадрови одлуки од кои што сакаме да ја информираме јавноста дека Извршниот Комитет одлучи да спроведеме генерален реизбор на цели општински комитети на ВМРО-ДПМНЕ.
Упатуваме отворена понуда до сите заинтересирани кандидати кои што сакаат да се пријават на конкурсот кој што ќе биде објавен веќе следната недела да добијат шанса за докажување, за додадена вредност кон нашата партија.
Со оваа одлука на Извршниот Комитет продолжуваме со зацврстување и реорганизација на нашата партија. Оние претседатели на општинските комитети кои што досега постигнале добри резултати ќе бидат реизбрани и ќе продолжат понатаму да раководат со општинските комитети.
Оние кои што ќе се пријават како нови кандидати, како нови кадри ќе добијат шанса да ја покажат нивната способност, нивната волја за работа при исполнување на целите и визиите на нашата партија.
Со ова ќе додадеме дополнителна вредност, ќе овозможиме еден поширок круг на дејствување што на крај на ден ќе донесе, ќе придонесе кон поголем просперитет, кон подобар бенефит за сите граѓани на нашата држава.
Понатаму, исто така Извршниот Комитет донесе одлука за распишување на јавен оглас за Претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи мандатот на досегашниот претседател, господинот Владимир Нелоски е истечен.
Целта на објавувањето на огласот и изборот на нов претседател на Унијата на млади сили е да промовираме нови политики, нови младински политики со што ќе се дополнително доближиме и ќе овозможиме подобар живот за младите луѓе. Но истовремено и ќе упатиме остра критика и ќе бидеме коректор на сите оние штетни политики што оваа власт предводена од Социјалдемократскиот сојуз и води особено во делот на младите.
Исто така формирани се 25 комисии на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе области на кои што примарна цел ќе биде да бидат коректор на власта и да даваат предлози истовремено и критики во однос на работењето и во однос на како треба да се подобри животниот стандард на граѓаните.
При тоа формирани се следните комисии:
Комисија за енергетика каде претседател е професор Горан Чогеља.
Комисија за спорт каде Претседател е пратеникот Трајче Димков.
Комисија за животна средина и просторно планирање која ќе ја предводи професор др. Соња Лепиткова.
Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство која ќе ја води др. Миле Јакимовски.
Комисија за труд и социјална политика каде Претседателка е Слободанка Алексовска.
Комисијата за финансии и монетарни прашања која ќе ја предводи екс министерот Кирил Миноски.
Комисијата за економија и инвестиции предвидено е претседател да е Христијан Делев.
Комисијата за туризам која ќе ја предводи Перо Петковски.
Комисија за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги претседател професор др. Орце Симов.
Комисија за локална самоуправа која ќе ја предводи еден од најуспешните градоначалници, градоначалникот на Прилеп, господинот Марјан Ристески.
Комисијата за верски и етнички прашања која ќе ја предводи Антонио Петков.
Комисијата за семејни прашања и демографија каде Претседател е пратеникот Владимир Ѓорчев.
Комисијата за политички систем ќе ја предводи професор др. Тања Каракамишева Јовановска.
Комисијата за администрација ќе биде предводена од пратеничката Невенка Стаменковска.
Комисијата за транспорт, градежништво и урбанизам ќе биде предводена од Синиша Ивановски.
Комисијата за здравство – ќе ја предводи др. Виктор Камилоски.
Комисијата за култура – која ќе ја предводи актерот Роберт Вељановски
За претседател на Антикорупциска комисија – поставен е Тони Мекиноски.
Исто така формирани се и комисиите за одбрана, правни работи, образование и наука и комисијата за европски и евроатлантски интеграции чии што претседатели ќе бидат избрани веројатно на некоја од наредните седници од Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи во моментов се уште се вршат анализи во однос на тоа кој да биде поставен на за претседател на соодветните комисии.
Исто така имаме и нов претседател на Комисијата за кадровски прашања, тоа е м-р. Благоја Ташаминов кој има повеќегодишно искуство од областа на човечките ресурси.
Она што исто така е битно за јавноста е дека по барање на пратеникот Владимир Ѓорчев кој што во овој изминат период ја објавуваше функцијата координатор на нашата пратеничката група во собранието, поради голем обем на обврски и презафатеност истиот побара да се повлече. Извршниот Комитет на негово место го назначи за координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија господинот Драган Данев, додека за негови заменици се поставени пратениците Горан Манојловски и Драган Цуклев.
Сите овие донесени одлуки на вчерашната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ се со цел за кадровско доекипирање на партијата, нејзино зацврстување и пред се отворање на вратата на партијата за способните, мотивираните и луѓето со висок капацитет кои ќе придонесат за нашата заедничка цел, кои ќе додадат вредност на се она што го планираме, го правиме и го реализираме во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е нашата заедничка цел да имаме подобра Македонија.