ВМРО-ДПМНЕ е најмалку повикана да зборува за корупција, кога на сите им е јасно дека токму оваа партија со години практикуваше криминал, корупција и расипничко работење за сопствено богатење на сметка на осиромашените граѓани и држава.

Последниот извештај на Транспаренси интернешенал којшто се однесува на состојбите во 2017 година е резултат на 10 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и е јасен показател на кое ниво ја доведоа Република Македонија со нивното коруптивно работење.

На граѓаните им е совршено јасно кој работеше криминално коруптивно и на нивна штета и затоа избраа промени. За разлика од коруптивното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ преку Владата што ја предводи, ги санира штетите од корупцијата, ги зајакнува и ослободува институциите, спроведува мерки за владеење на правото и создава услови за вистинска борба против корупцијата и криминалот.

Македонија станува правна држава во која нема да има никаква толеранција кон било каков тип на корупција и во која секој оној кој ги прекршил законите ќе одговара за своите постапки. Работите се менуваат, а резултатите од тоа очекувано е да се рефлектираат за состојбите во 2018 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/02/2018 23:56