Меморандум за соработка за вклучување на приватниот сектор во проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем ќе потпишат денеска министерот за економија Крешник Бектеши и раководителот на проектот Мирјана Македонска.

Целта на партнерството е создавање подобри услови за вклучување на компаниите во процесот на локалниот економски развој преку иницијативи кои носат придобивки за компаниите, но и за пошироката деловна средина.

Најавени се обраќања на министерот Бектеши, заменикот раководител на Бирото на УСАИД за Европа и Евроазија, Брок Бирман, и претставникот на УСАИД во Македонија, Дејвид Атебери.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2018 16:34