Фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње во изјава за „Скај Спорт“ опиша многу чудна ситуација која се случи пред крајот на синоќешниот дуел со Лајпциг.

– Пред крајот на натпреварот бев изложен на провокации од страна на помошник тренер во Лајпциг, кој ми намигнуваше и ми праќаше бакнежи. Тоа беше класичен потсмев. Сметам дека противничката екипа треба да се респектира и во победа и во пораз, а тој отиде предалеку, истакнува Инсиње.

Иако Наполи во Германија победи со 2:0, поради поразот од 3:1 од првиот натпревар остана без осминафинале во Лига Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2018 23:03