Во полуфиналниот меч на Олимпијадата во Пјонгчанг руските хокеари убедливо ги победија Чесите со резултат 3:0. Хокеарската репрезентација на Русија по 20 години се пласираше во финалето на Зимските олимписки игри победувајќи ја репрезентацијата на Чешка.

Головите ги постигнаа Никита Гусев, Владислав Гавриков и Илја Коваљчук. Чесите не постигнаа ниеден погодок. Рускиот голман Василиј Кошечкин одбрани 31 удар.

Во финалето на 24 февруари Русите играат за златото против победниците од вториот полуфинален меч меѓу репрезентациите на Германија и Канада.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/02/2018 23:04