Хокеарската репрезентација на Германија се пласираше во финалето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг откако ја совлада фаворизираната Канада со 4:3.
Германците, кои направија изненадување со победата во полуфиналето, уште од почетокот на натпреварот ја имаа иницијативата и по две третини постигнаа високо водство од 4:1.
Канаѓаните се обидоа да се вратат, но Германија успеа да ја зачува стекнатата предност.
Германците, кои ќе играат првпат за злато на Олимписки игри, во финалето ќе се соочат со Русија, која ја совлада Чешка со 3:0.