„ Патни трошоци не ви признаваме, а за другото че разговараме, дискутираме, дебатираме. И да знаете колку и да трае – Че си седите!!!” – вака звучеше најавата на „Златна бубамара на популарноста”, популарното сатирично – музичко шоу што вчеравечер се одржа по 21-ви пат.

„Многу солзи исплакав“, „Ој Вардаре“, „Подобар живот “и „Колку е добро да те видам повторно “се дел од песните кои синоќа на Златна бубамара на популарноста најмногу ја развеселија и разнежнија публиката во ВИП Арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Маја Оџаклиевска, Наум Петрески и Виолета Томовска, Дадо Топиќ и Тамара Тодевска и групата „Нови фосили “ ги испеаја песните познати на сите генерации, на моменти предизвикувајќи еуфорија, на моменти носталгија.

Погледнете како беше во ВИП Арената Борис Трајковски



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2018 01:22