Прегазен пешак на булевар Јане Сандански пред трговскиот центар Бисер.
Маж со за сега не познат идентитет се бори за живот во ургентниот Центар каде е веднаш префрлен со возило на брзата помош, извести телевизија Сител. Според присутните на оваа страотна сообраќајка, пешакот бил удрен на пешачкиот премин кај Бисер и од силината на ударот бил префлен на другиот пешачки премин спроти Капитол Мол.
Возачот кој го прегазил пешакот веднаш избегал од местото на настанот, а според очевидци најверојатно се работи за такси возило.
Сообраќајката се случи околу 14 часот и 30 минути на еден од најфреквентните пешачки премини во Аеродром.