Естер Ледецка стана олимписка шампионка во дисциплината паралелен велеслалом во сноуборд кај жените на олимписките игри во Пјонгчанг. Во финалето, Чехињата ја победи Селина Јорг од Германија, која заостана за 0,46 секунди.

22-годишната Ледецка триумфираше со втора титула на Олимпијадата во Јужна Кореја. На 17 февруари, таа освои златен медал во Супер-Г во алпски дисциплини.

Естер Ледецка е светска шампионка во дисциплините паралелен слалом и паралелен велеслалом во сноуборд, како и двократен освојувач на Светскиот куп во паралелните дисциплини.

Чехињата е првата жена која освоила два златни медали на Зимските олимписки игри во два различни спорта и петтата личност во историјата со ова достигнување.

На трето место во паралелен велеслалом во Пјонгчанг остана Германката Рамона Хофмајстер која во малото финале ја претекна Русинката Аљона Заварзина со 4.07 секунди. Медалот е прв за Хофмајстер од олимписки игри, додека Заварзина е бронзена медалистка од Сочи 2014.

Победничката на игрите во Русија пред четири години Патриција Кумер од Швајцарија отпадна во осминафиналето по поразот од Естер Ледецка. Добитничката на златен медал во Сочи 2014 Томоко Такеучи (Јапонија) дозволи пораз од Селина Јорг во четвртфиналето во дисциплината.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2018 18:12