Годинава земјоделците ќе ги добиваат субвенциите кога им се потребни, односно пред почетокот на производствената сезона, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тој денес на средбата со тутунопроизводителите во Конче информираше дека од 1 јануари до денес се исплатени над 25 милиони евра на лозарите пред почетокот на новата сезона.

-Тоа ќе го работиме и во наредниот период, а овие денови заврши исплатата по разни мерки на земјоделците во Радовишко и Конче при што се исплатени 72 милини денари, нагласи Николовски.

Додаде дека парламентот треба да го донесе законот Законот за тутун и тутунски производи со кој се укинуваат евидентните листови, кои беа голема административна бариера за тутунопроизводителите.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/02/2018 18:35