Соопштение до јавноста, реакција на соопштението на СДСМ кое се однесуваше на видео обраќањето на Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Граѓаните се збунети од одговорите на СДСМ. Доколку според власта економијата и економската ситуација е одлична, зошто тогаш е потребно покачувањето на старосната граница за пензионирање.

Граѓаните се прашуваат кога СДСМ лаже?

Покачување на старосната граница за пензионирање не смее да има. Старосната граница за пензионирање во Република Македонија е во склад со животниот век на граѓаните. Дополнително покачување е на штета на граѓаните, нивниот живот и моментите кои треба да ги поминат во заслужена пензии со своите најблиски.

Покачувањето на старосната граница за пензионирање е дестимулативна мерка, која ќе влијае негативно на економијата, ќе предизвика намалување на понудата на работни места и ќе ја зголеми младинската невработеност.

Ваквите штетни чекори се последица на незнаењето на Владата да менаџира со парите на граѓаните и својата неспособност ја прикриваат со нов товар за граѓаните.

СДСМ ја има апсолутната власт и апсолутната одговорност, на граѓаните да им ги овозможи правата и поволностите, кои со закон им се загарантирани и отстапки од тоа не смее да има.

Граѓаните не треба да бидат жртва поради неспособноста на власта.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/02/2018 19:48