Дното е пробиено, денес Заев направи настан за исчистен смет. Оваа влада нема проекти и се фали со она што е редовна дневна активност на јавните претпријатија за комунални услуги.
Заев и Алаѓозовски неуспешно се обидуваат да го прикријат срамот и скандалот кој го предизвикаа со Годишната програма за култура.
СДСМ или нема никакво познавање од културата или свесно ги потценува културните работници и си поигрува со историското наследство. Да одвоиш 600.000 денари од годишната програма наменета за култура за здружение за спорт и екологија, а 1.1 милион денари за Скопскиот Аквадукт е смешно. Надвор од секоја логика е од парите наменети за култура да се финансира промоција на сунет со 500.000 денари, а за Скопскиот Аквадукт кој е милениумски објект да се одвојуваат нешто повеќе од 1 милион денари.
Срамно и скандалозно е парите за култура да се трошат на финансирање на аматеризам и граѓански здруженија, за сметка на професионалните уметници, националните установи и објектите од културно наследство за државата. И сето тоа да се прикрива со чистење на депонии.
Власта дефинитивно потврди дека е комплетно безидејни и не знае да менаџира со парите на граѓаните.
Власта покажа дека е неспособна да работи во корист на граѓаните и државата. Власта покажа дека е безидејна и расипнички ги троши парите на граѓаните.
Алаѓозовски мора да понесе одговорност за хаосот што го предиззвика во културата. Штетите од неговото министерување се непроценливи.