Со Свечена церемонија денеска во Пјонгчанг беше означен крајот на 23-тата зимска Олимпијада на која учество земаа повеќе од 3.000 спортисти од 93 земји меѓу кои и од Македонија.

Најуспешна е Норвешка, која со 39 медали постави нов рекорд по бројот на освоени медали. Норвежаните пронајдени се вкупно 14 пати на највисоко на подиумот, како и Германците, кои беа на второто место со осум медали помалку. На третото место е Канада со 29 медали од кои 11 се златни.

– Овие игри се омаж на минатото и поглед кон светла иднина. Најдобар пример е почитувањето на олимпиското примирје. На заеднички марш Јужна Кореја и Северна Кореја покажаа дека спортот ги зближува луѓето, а тоа ни дава верба за иднина. Игрите во Пјонгчанг беа игри на нов хоризонт на подадена рака кон сите да ни се придружат во вербата и во иднина, изјави извршниот директор на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах, кој се заблагодари на спортистите за фер играта.

Игрите ги одбележаа две дами, Естер Ледецка (Чешка) која стана првата жена во историјата со освоени две злата во различни спортови на иста Олимпијада (супер-џи и паралел слалом), како и Марит Бјерген (Норвешка) која пет пати се најде на подиумот и стигна до вкупно 15 медали на ЗОИ.

Олимпијадата по Пјонгчанг останува во Азија, најпрво со ЛОИ во Токио 2020, а потоа и ЗОИ 2022 во Пекинг.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2018 00:52