Со определување на нови 30 дена притвор за патриотите судот уште еднаш покажа дека не го интересира правдата, вистината и аргументите.
Иако нема никаква основа на неправедно обвинетите за настаните од 27-ми април да им се ограничува слободата на нив повторно им е одредена мерка притвор.
Судот упорно ги игнорира фактите дека обвинетите не може да го повторат делото кое не го сториле, дека немаат намера да избегаат од државата, ниту пак да влијаат врз конструираната острага. Наместо врз основа на докази, судот повторно од неразјаснети причини им одредени нови дополнителни 30 дена притвор.
Ова значи нови 30 дена агонија, терор, торутура врз обвинетите и нивните семејства.
Судот станува соучесник во политички монтиран процес и апсурдно обвинение за тероризам со кое треба да се прати порака до сите неистомисленици на оваа власт.
Дел од неправедно притворените се хронично болни тие треба да примаат терапија и лекарства и нивното место не е во притвор. Со ваквиот начин на делување, Судот директно им го загрозува нивното здравје и право на живот.
Со секое ново продолжување на притворот правосудството докажува дека Република Македонија е земја на политички затвореници.
Судот не смее да си поигрува со законите! Притворот мора да биде укинат и за оние кои се задржани во истражниот затвор и на оние на кои им се изрекува куќен притвор.
Правдата ќе биде задоволена кога ќе биде отфрлено фабрикуваното обвинение за тероризам.
Судот треба да собере храброст и да го запре ова лудило. Правната држава мора да биде императив на постоењето и делувањето на правосудните органи.
Овие луѓе не се терористи. Чавков, Мукоски, Василевски и останатите се луѓе кои секогаш стоеле во одбрана на националните интереси.
Институциите не смеат да се злоупотребуваат во политички цели. Институциите исклучиво мора да бидат служба на граѓаните.
Република Македонија мора и може да биде правна држава. Тоа е основна вредност на едно демократско општество.
На сите мора да им стане јасно, дека без демократски институции и владеење на правото нема напредок за Република Македонија.