Во врска со процесот на продажба на акционерскиот капитал на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување – МАПАС известува дека врз основа на доставено барање од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје, советот на експерти на Агенцијата на седница одржана на 22 февруари даде согласност за пренос на 100 отсто од акциите издадени од НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на „Позаваровалница Сава“ д.д.

Исто така, МАПАС известува дека сите идни поврзани процеси ќе се одвиваат во согласност со македонското законодавство во најдобар интерес на членовите на пензиските фондови.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/02/2018 17:29