На локалните дополнителни избори, независниот кандидат Петер Марки Зај, поддржан од неколку опозициски партии, беше избран за градоначалник на јужниот град Ходмезовашархели, долгогодишен бастион на ФИДЕС.

Поразена унгарската владејачка десничарска партија ФИДЕС на премиерот Виктор Орбан. На локалните дополнителни избори, независниот кандидат Петер Марки Зај, поддржан од неколку опозициски партии, беше избран за градоначалник на јужниот град Ходмезовашархели, долгогодишен бастион на ФИДЕС.

Зај освои 57,5 проценти од гласовите, а неговиот ривал од владејачката ФИДЕС, Золтан Хефедуш, доби 41,6 отсто. Аналитичарите прогнозираат нова фаза во кампањата за парламенатарните избори, закажани за 8-ми април.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2018 00:56