Романската тенисерка Симона Халеп по само четири недели се врати на челната позиција ВТА ранг листата, потиснувајќи ја Каролина Вознијацки на второто место.

Вознијацки пред еден месец ја совлада Халеп во финалето на Австралија Опен и стана број еден во светот, но оваа недела изгуби 485 поени, бидејќи не го бранеше брани финалето во Дубаи.

ТОП 10 тенисерки за оваа недела:

1. Симона Халеп (Романија) 7.965 поени

2. Каролина Вознијацки (Данска) 7.525

3. Гарбине Мугуруза (Шпанија) 6.175

4. Елина Свитолина (Украина) 5.480

5. Каролина Плишкова (Чешка) 5.080

6. Јелена Остапенко (Летонија) ​​5.000

7. Каролина Гарсија (Франција) 4.625

8. Венус Вилијамс (САД) 4.277

9. Петра Квитова (Чешка) 3.086

10. Анжелика Кербер (Германија) 3.055



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2018 01:12