Неспособноста на власта ја гледаме на дело, само 10 сантиметри снег ја блокираа целата држава. Снегот во февруари ги изненади „Македонија пат“. Патиштата се нерасчистени, тешко проодни, а на места и блокирани.

Власта е целосно неспособна, ниту еден клучен патен правец не е исчистен. Нормалниот проток на возила е оневозможен. Граѓаните по неколку часа патуваат за локации за кои обично е потребно неполн час. Автопатиштата кон Скопје од Куманово, Гевгелија, Тетово и обратно се неисчистени и во застој.

Ова е срамно и скандалозно.

Цела држава е блокирана, а Заев и Сугарески никаде ги нема. Неисчистениот снег ги блокирал и планинските премини Пресека, Стража и Ѓавато, каде има и забрана за тешки товарни возила.

Покрај сите патишта низ државата, блокирани и неисчистени се сите градови. Неисчистен е и главниот град Скопје, каде што се вози по влажни и тешко проодни коловози.

Недозволиво е после 24 часа снег патиштата и градовите да се блокирани и непроодни. Недозволиво е властите да не преземаат ништо и да ги остават граѓаните да се справуваат како знаат и умеат.

Властите мора да овозможат непречен проток на возила на патните правци низ државата, особено на меѓународните патни правци. Срамота и скандалозно е цела држава да биде блокирана од 10 сантиметри снег.

Наместо склучување на штетни договори, изготвување неуставни закони и расипничко трошење на парите на граѓаните, СДСМ треба да се зафати со работа во корист на граѓаните.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/02/2018 01:37