Рокот за поднесување на годишните сметки за правните лица истекува утре, додека самостојните вршители на дејност можат да ги поднесуваат годишните сметки до 15 март годинава во хартиена и електронска форма, информира Централниот регистар на Република Македонија.
- За субјектите кои водат сметководство согласно Законот за трговски друштва рокот за поднесување на годишните сметки и финансиските извештаи во електронска форма е до 15.03.2018 година, а големите и средни трговци се должни да ја достават годишната сметка до Централниот регистар само во електронска форма, велат од Централниот регистар.
Потенцираат дека Централниот регистар денеска и утре ќе работи од 7:00 до 21:00 часот, додека во регионалните канцеларии во Македонски Брод, Виница, Берово и Делчево работното време ќе биде од 8.00-16.00 часот.
Во Кратово, Крушево и Демир Хисар, каде Централен регистар нема канцеларии, приемот на годишните пресметки ќе се врши денеска и утре од 8:00 - 16:00 часот, и тоа во Кратово и во Демир Хисар во просториите на општината, а во Крушево во просториите на УНИ банка.